Јужноамериканскиот фудбал честопати ни носи непредвидливи и зачудувачки ситуации, но последниот случај од мечот помеу Атлетико Колон и Индепендиенте де Авелјанеда е нешто што првпат го гледаме.
Во главна улога е дефанзивецот на Колон, Паоло Голц, кој го направи можеби најбизарниот пенал во историјата. Дефанзивецот ја загуби концентрацијата и откако неговиот голман му ја додаде топкаата, тој лежерно ја зема во раце за повторно да го изведе слободниот удар.
Судијата првично не го забележи инцидентот, но по прегледување на ВАР системот додели пенал за гостите, кои го реализираа и стигнаа до 2:1 победа.
O pênalti mais bizarro da história do futebol.
O zagueiro Paolo Goltz do Colón, fez isso aí no jogo contra o Independiente pelo campeonato argentino. pic.twitter.com/VLLCfwgQQk
— LIBERTA DEPRE (@liberta___depre) March 19, 2023