Селекторот Златко Далиќ и капитенот Лука Модриќ, одржаа прес конференција пред утрешното четвртфинале на Светското првенство, Хрватска-Бразил.
Избраниците на Златко Далиќ се аутсајдери во овој натпревар, бидејќи Бразил игра блескаво, а според обложувалниците е фаворит за освојување на титулата.
Селекторот на Хрватска, потврди дека левиот бек Борна Соса ќе биде подготвен за пресметката со Бразилците и го спореди утрешниот меч со финалето кое Хрватска го играше пред четири години во Русија.
Потоа посочи дека неговите избраници не смеат да ги повторат грешките што ги направи Србија во дуелот со Бразил.
„Ја гледавме Србија против Бразил. Србија играше одлично еден час, но потоа играчите станаа нервозни. По голот Бразил играше, а Србија падна. Не смееме да паднеме во таква нервоза. Мора да бидеме дисциплинирани и да ја чекаме нашата шанса”, рече Далиќ.
Хрватска и Бразил, утре од 16 часот ќе ја отворат четвртфиналната фаза, во која уште ќе играат Аргентина и Холандија (петок, 20 часот), Португалија и Мароко (сабота, 16 часот) и Франција и Аргентина (сабота, 20 часот).