Top Sport

Далиќ: Никогаш не ги потценувај Хрватите, мали сме, но сме храбри, борбени и одиме до крај

Хрватскиот селектор, Златко Далиќ не ја криеше радоста од пласманот во четврт-финалето на Светското првенство, признавајќи дека мечот со Јапонија бил супер-тежок, а победата била голема. Хрватска сега ја чека далеку поголем противник, фаворитот за титулата Бразил.

„Тежок натпревар, борбен и квалитетен. Одигравме добро. Голем резултат е да си меѓу осумте најдобри на светот. Можам само да им честитам на дечките. Ја имавме контролата при додавањата, но си создававме проблеми со губењето на топката. Така и примивме гол, па моравме да се вадиме. Никогаш не ги потценувајте Хрватите. Можеби сме мали, но сме храбри, борбени, верни и одиме до крај. На момците им се исплатеше упорноста и вербата. Само можам да им честитам за тоа што го направија“, вели Далиќ.

Scroll to Top