Top Sport

Далиќ: Овие мои играчи не се нормални

Хрватска сензационално се пласираше во полуфиналето на Светското првенство во Катар, откако во драматичен меч по луда пенал серија го елиминираа Бразил, благодарение на фантастичниот Доминик Ливаковиќ на голот. Нејмар даде гол во судиското продолжение, но бразилската предност беше елиминирана од Бруно Петковиќ за сега да го чекаат подобриот од дуелот Аргентина-Холандија.

Хрватскиот селектор, Златко Далиќ беше воодушевен од остварувањето на своите фудбалери.

„Ова е победа за хрватскиот народ. Секоја чест на дечките, го исфрливме најголемиот фаворит. Ова е Хрватска! Никогаш не не потценувајте, ви го кажав тоа и претходно. Ова не е крај, одиме понатаму. Ова е победа за Хрватска, сите го дадоа својот максимум. Ќе ги поздравам сите пријатели кои пишуваат за Хрватска. Уживајте, хрватски бранители ова е за вас. Овие мои играчи не се нормални“, изјави Далиќ за „ХРТ“.

Хрватска е пенал-мајстор – го урна првиот фаворит Бразил за полуфинале!

Scroll to Top