Top Sport

Далиќ: Победата му ја посветувам на Чиро Блажевиќ, ова е медал за хрватскиот народ

Фудбалската репрезентација на Хрватска го освои третото место на Светското првенство во Катар. Избраниците на Златко Далиќ ја освоија бронзата откако го совладаа Мароко со 2:1.

„Ова е бронза со златен сјај. Беше тежок натпревар, ова е медал за целиот хрватски народ, за сите кои навиваат за нас. За две години освоивме два медали. Би сакал да му ја посветам победата на Чиро Блажевиќ, човекот кој го започна сето ова… Шефе, ова е за вас, можам да освојам пет медали, но вие секогаш ќе останете тренер на сите тренери“, изјави Златко Далиќ преку ХРТ.

Тој вели дека речиси никој не очекувал Хрватска да заврши на третата позиција.

„Малкумина го очекуваа ова од нас. Секоја чест за момците, тие работеа напорно и играа за овој голем резултат. Освоивме бронзен медал на ваков натпревар, тоа е фантастично. Денеска играа сите што беа здрави. Знаевме дека имаат проблеми на десната страна. Зијеш не можеше да биде во чекор со Перишиќ, а Оршиќ им направи многу проблеми“, истакна селекторот на Хрватска по натпреварот.

Scroll to Top