Top Sport

Селекторот на Мароко: Честитки за Хрватска, ние сме среќни и со четвртото место

Светското првенство од соништата за Мароко заврши со пораз од Хрватска во борбата за третото место. Сепак, Мароканците станаа првата африканска репрезентација што стигнала до полуфиналето на Мундијалот, и тоа го направија на импресивен начин – со победи против гиганти како Белгија, Шпанија и Португалија.

Селекторот на Мароко, Валид Реграгуи, по натпреварот и честиташе на Хрватска за освоената бронза.

„Разочаран сум од вториот пораз во низа, направивме сѐ што можевме, но среќен сум што стигнавме до четвртото место. Физички беше тешко, играчите имаа малку време да се опорават. Сакавме да донесеме поголема радост на луѓето. Ќе учиме од ова Светско првенство и ќе работиме да се вратиме уште посилни. Хрватите имаат поголемо искуство и заслужено победија, им честитам за тоа. Завршивме меѓу најдобрите четири селекции во светот и тоа е големо постигнување“, изјави селекторот на Мароко.

Scroll to Top