Хрватскиот селектор Златко Далиќ, во пресрет на утрешното финале, на Светското првенство, одржа прес конференција. Далиќ рекол дека сите се горди на она што досега го постигнал тимот и дека се подготвени да одат до крај. Исто така, селекторот на Хрватска, проговорил и за проблемите со кои се соочува пред големото финале со Франција.
„Утре е финалето на СП и играчите добро знаат што значи тоа. Ме радува што секој од нив сака да игра иако има и такви што не се целосно подготвени. Едноставно тоа е така, успеавме да створиме таков однос. Не инсистиравме на тренинзи, бидејќи повеќе нема што да тренираме, потребен ни е одмор. Признавам дека имаме проблеми, но верувам дека ќе ги решиме“, рекол Далиќ.
Финалниот меч на 21.Светско првенство, Франција-Хрватска, се игра утре од 17 часот на „Лужники“ стадионот во Москва.