Вечерва на СП во Катар ќе бидат формирани две нови осминафинални двојки. На програмата се натпреварите од последното коло во групите Ц и Д.
Натпреварите во Ц групата ќе се играат од 20 часот. Аргентина и Полска, односно Саудиска Арабија и Мексико се двојките од последното коло во Ц-групата.
Полска е лидер со четири бода, Саудиска Арабија и Аргентина имаа бод помалку, а Мексико е во најтешка позиција со само еден освоен бод.
Натпреварите во Д-групата ќе започнат во 16 часот. Актуелните светски шампиони, Французите, први избори место во осминафиналето. Во последното коло за противник ќе го имаат Тунис.
Многу понеизвесно ќе биде на натпреварот Данска-Австралија.Данците морада победат, во спротивно ќе бидат елиминирани.
Франција на табелата имаат шест бода, Австралија три, а Данска и Тунис се на еден бод.