Колумбискиот интернационалец Дарвин Нуњез се враќа во тимот на Ливерпул за дербито против Челси. Тој се опорави од повредата на тетивата и ќе конкурира за составот, известуваат британските медиуми.
Оваа сезона тој постигна десет гола, од кои пет во Премиерлигата, а додаде и три асистенции на вкупно 23 одиграни натпревари.
Нуњез го пропушти претходниот меч на гости против Брајтон во Премиерлигата, како и дуелот со Вулверхемптон во ФА Купот на Англија.