Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски заминува од Дебрецен. Тој не успеа да се договори со раководството на унгарскиот клуб за продолжување на соработката и сега како слободен агент ќе побара нова средина.
Со ова се растура братскиот тандем Бабунски. Во Дебрецен игра и неговиот помал брат Доријан Бабунски, кој во последното коло постига гол и ја донесе првата победа за тимот во новата сезона.
Давид Бабунски во дресот на Дерецен одигра вкупно 26 натпревари на кои даде еден гол, со уште една асистенција.