Шпанскиот голгетер Давид Виља објави дека по завршувањето на сезоната во дресот на Висел Кобе ќе стави крај на својата кариера.
Освојувачот на европската (2008) и светската (2010) титула со Шпанија наредниот месец ќе го прослави 38 роденден.
„Долго размислував за оваа одлука. Таа е резултат на долготрајна дискусија со семејството и пријателите. Сакам да ја завршам кариерата“, изјави на прес конференција Виља.
Најмногу успеси во кариерата имал во Барселона во периодот од 2010 до 2013 година кога освоил осум трофеи, меѓу кои по два во Ла Лига и Лигата на шампионите.
Во кариерата настапувал за Спортинг Хихон, Сарагоса, Барселона, Атлетико Мадрид, Њујорк сити, Мелбурн сити, а од минатата година е кај поранешниот соиграч Андрес Иниеста во Висел Кобе.
Давид Виља на Мундијалот во Јужна Африка кога Шпанија ја освои титулата беше најдобра стрелец со пет гола. Титулата за најдобар стрелец ја подели сo Диего Форлан, Весли Снајдер и Томас Милер.