Манчестер сити го победи Челси со 1:0, во дерби мечот одигран попладнево во Премиер лигата. Победникот го реши голот на Кевин Де Брујне во 70.минута.
Четата на Пеп Гвардиола, направи уште еден голем чекор кон одбраната на шампионската титула. „Граѓаните“, во тврд“ натпревар, успеаја минимално да о победат Челси.
Натпреварот во кој немаше многу шанси, Сити се закани преку Гричиш во првото и Фоден во второто полувреме, Челси само преку Лукаку на почетокот на вториот дел, го реши Де Брујне.
Белгиецот со удар од 20 метри успеа да го совлада Аризабалага.
Сити, по 12 победа во низа, ја зголеми предноста на врвот. „Граѓаните“ во однос на Челси имаат 13 бода повеќе, додека Ливерпул, со два натпревари помалку, заостанува 14 бода.