Top Sport

Дебаклот од Реал Мадрид не ја разниша довербата кон Чави

Барселона доживеа дебакл на „Камп Ноу“ од големиот ривал Реал Мадрид, загуби со 0:4 беше елиминирана од Купот на Шпанија. Сепак тоа не ја разниша довербата на клубот кон тренерот Чави Ернандез.

Челниците подготвуваат нов договор за тренерот кој е на прагот по подолг период да ја врати титулата во Барселона. Во Ла Лига, Каталонците имаат 12 бода предност пред Реал Мадрид.

По поразот од „кралевите“, Чави имаше разговор со дел од управниот одбор. Потврдена е намерата на клубот да му понуди нов договор по завршувањето на сезоната.

Scroll to Top