Top Sport

Три премиерлигаши во редот за Ким Мин-Јае

Три англиски премиерлигаши се подготвени да ја платат откупната клаузула на дефанзивецот на Наполи, Ким Мин-Јае во претстојниот летен преоден рок. Меѓу нив се Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Тотенхем.

Секој од нив сака да ја засили својата одбранбена оска по крајот на сезоната, а Кореецот е еден од најпосакуваните дефанзивци во европскиот фудбал.

Договорот на Ким вели дека има откупна клаузула вредна 50 милиони евра, која станува активна на 1 јули 2023 година. Ваквата сума е сосема прифатлива за дефанзивец од неговата класа, а англиските гиганти веќе стојат во редот за негов потпис.

Наполи плати само 20 милиони евра за правата на 26-годишниот дефанзивец кога го ангажира од Фенербахче минатото лето. Сепак, Ким се покажа како вистинско откритие во Серија А и во Лигата на шампионите и брзо се наметна како столб во одбраната на Лучијано Спалети. Досега за „партенопеите“ има 36 натпревари, два гола и една асистенција.

Scroll to Top