Top Sport

Џерард: Манчестер јунајтед или Евертон? Не можам да изберам, ги мразам исто (видео)

Легендата на Ливерпул и актуелен тренер на Глазгов Ренџерс, Стивен Џерард дефинитивно повеќе го сака Лионел Меси од Кристијано Роналдо, но прашањето кого би сакал повеќе да победи, Манчестер јунајтед или Евертон го збуни, бидејќи едноставно, ги мрази исто и двата клуба.

Учествувајќи во интересна игра со својот поранешен соиграч од Ливерпул, Питер Крауч, Џерард требаше да дава брзи одговори на прашањата, но беше вистинска „мака“ да се избере помеѓу Евертон и Јунајтед.

„Тоа е како да прашаш кој од сестрите Кардашијан“, почна Џерард. Кога Крауч го праша дали ги мрази и двата клуба подеднакво, Џерард прво сопре, велејќи: „Не дека ги мразам…“, по што се поправи: „Да, така е“.

Џерард одигра 710 меча за својот сакан Ливерпул во 17 години во кои имаше 10 лигашки победи против Јунајтед и 16 против Евертон.

Scroll to Top