Поранешниот тренер на Реал и селектор на Шпанија Винсенте дел Боске вели дека Нејмар е фудбалер со неспорен квалитет и многу лоши особини.
„Тешко е да го тренираш Нејмар. Мислам дека тој не е добар пример за фудбалер. Нека остане забележано дека сметам дека е врвен фудбалер, доколку ме прашате да го рангирам би го ставил меѓу најдобрите петмина во светот, но…На теренот многу глуми, уште кога се знае како ја напушти Барселона…“, истакнал Дел Боске во интервју за „Мундо Депортиво“.
Најмар во 2017 година за светски рекорд од 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ. Три години подоцна гласни се најавите дека тој ќе се врати во Барселона.
„Клубот треба да реши дали ќе го врати или не. Не би требало да се обрнува внимание на она што го велат фудбалерите , со ова прашање се занимаваат спортскиот директор и генералниот менаџер. Тешко дека фудбалерите ќе кажат лош збор за колега чие враќање се планира. На таков пример јас не можам да се сетам“, истакнал 69 годишниот Де Боске.
Нејмар има договор со ПСЖ до јуни 2022 година.