Top Sport

Деле Али пак заедно со ќерката на Гвардиола

Британските таблоиди повторно ја актуелизираат непотврдената романтична врска помеѓу ѕвездата на Тотенхем, Деле Али и најстарата ќерка на менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, 20-годишната Марија, откако двајцата беа забележани заедно во „Старбакс“ во Лондон.

25-годишниот Али беше „фатен“ во интимен момент со Марија во еден бар во Лондон во мај, и пет месеци подоцна, очигледно двајцата уште се заедно. Оваа врска дојде откако Али ја прекина петгодишната врска со манекеката Руби Меј во февруари.

Пеп Гвардиола има три деца со својата сопруга Кристина Сера – 20-годишната Марија, 18-годишниот Мариус и 13-годишната Валентина.

Scroll to Top