Top Sport

Шпанците не сакаат студена одмазда против Италија, туку сервирана „ал денте“!

Шпанија е во потрага на одмазда против Италија за поразот на пенали на ЕУРО 2020, и првата шанса ќе ја имаат во полуфиналето на Лига на нации на „Сан Сиро“, објавувајќи интересна видео-порака до своите ривали.

Иако поговорката вели дека „одмаздата најдобро се сервира студена“, шпанската фудбалска федерација на Твитер објави интересно видео на кое „селесион“ оди на убава порција шпагети со порака: „Повторното среќавање најдобро се служи ‘ал денте’ и луто“.

Дуелот Италија-Шпанија се игра во среда, додека Белгија и Франција се среќаваат во второто полуфинале на најновото натпреварување на УЕФА.

Scroll to Top