Top Sport

Дембеле и Гризман обвинети за расизам по неверојатното видео!

Француските репрезентативци и соиграчи од Барселона, Усман Дембеле и Антоан Гризман се најдоа на удар на јавноста откако на социјалните мрежи се појави видео на кое Дембеле се потсмева со азиското потекло на техничарите кои се обидуваат да средат телевизор во еден хотел.

Во видеото, кое според шпекулациите е направено во 2019 година, кога Барселона беше на подготовки во Јапонија, Дембеле се потсмева со изгледот, јазикот и „технолошкиот просперитет“ на земјата, додека Гризман се смее.

„Сите овие грди фаци, само за да можеш да играш ПЕС, нели ти е срам? Каков обратен јазик е ова? Дали сте технички напреднати во вашата земја или не?“, вели Дембеле.

Француската фудбалска федерација (ФФФ) и Барселона засега не го коментираа видеото.

Scroll to Top