Top Sport

Ѓоковиќ рутински против Кудла, следен е Гарин

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ го продолжи походот кон 20-та гренд слем титула и израмнување со Роџер Федерер и Рафаел Надал, откако влезе во осминафиналето на Вимблдон со 6:4/6:3/7:6(7) победата над Американецот Денис Кудла.

Ѓоковиќ досега немаше вистински предизвик на Вимблдон шампионатот, покажувајќи форма која несомнено го прави првиот фаворит за титулата поради отсуството на Рафаел Надал (кој реши дека му е потребна пауза), и неубедливата форма на Федерер. До својата 75. победа на Вимблдон, Ѓоковиќ стигна релативно лесно, освен во третиот сет, кога Кудла покажа дека е подготвен за борба во драматичниот тај-брејк.

Следен за Србинот е Чилеанецот Кристијан Гарин, 17. носител, кој по три часа битка со 6:4/6:2/4:6/6:4 го победи Шпанецот Педро Мартинез. Во осминафиналето се и Шпанецот Роберто Баутиста Агут и Унгарецот Мартон Фучович. Баутиста со 7:5/6:1/7:6(4) го совлада Германецот Доминик Кефер, додека Фучович со 6:3/6:3/6:7(4)/6:4 го изненади аргентинскиот фаворит Диего Шварцман.

 

Scroll to Top