Top Sport

Дембеле ќе паузира еден месец, ги пропушта европските дуели со Манчестер Јунајтед

Крилниот напаѓач на Барселона, Осман Дембеле ќе ги пропушти дуелите од Лигата на Европа против Манчестер Јунајтед. По победата од 1:0 против Џирона во 19. коло од Ла Лига, на Французинот му е констатирана повреда на бутниот мускул на левата нога.

Проценката е дека неговото закрепнување ќе трае најмалку три седмици, па дури и еден месец.

Оваа сезона 25-годишниот играч за каталонскиот тим на 18 натпревари во шпанското првенство постигна пет гола и забележа пет асистенции.

Scroll to Top