Лионел Меси по 21 година веќе не е дел од тимот на Барселона, но најверојатно бројот 10 што го носеше аргентинскиот ас нема да биде повлечен од употреба.
Каталонскиот весник „Ел Мундо Депортиво“ пренесува информација дека „десетката“ најверојатно ќе заврши на грбот на Бразилецот, Фелипе Кутињо кој баш и не е меѓу омилените ликови на фановите на Барса.
За рекорден трансфер дојде на „Ноу Камп“ од Ливерпул, но се чини не ги повтори игрите што ги прикажуваше во дресот на „црвените“ од „Енфилд“.
До минатата сезона Кутињо на грбот го носеше бројот 14, но на почетокот на оваа сезона тој број заврши кај младата ѕвезда Педри најмногу затоа што се побројни беа шпекулациите дека Кутињо или ќе оди на позајмица или на продажба.