Top Sport

Тејтум со 50 поени закажа дуел Селтикс и Бруклин Нетс

Финалистите во Источната конференција, во НБА лигата, Бостон Селтикс, оваа сезона во плеј-офот влегоа од седмата позиција. Во плеј-ин натпреварот со Вашингтон Визардс, Селтикс, забележаа победа 118:100.

Селтикс, одиграа одличен натпревар, победата ја обезбедија во второто полувреме, благодарение на Џејсон Тејтум, кој голема помош доби од Кемба Вокер. Овие двајца постигнаа две третини од поените на Слетикс.

Тејтум натпреварот го заврши со 50 поени, постигна пет тројки од 12 обиди и ги погоди сите 17 слободни фрлања. Крилниот играч на Бостон имаше и осум скока, четири асистенции, две блокдаи и една украдена топка.

Кемба Вокер натпреварот го заврши со 29 поени.

На спротивната страна Бредли Бил постигна 22, а Расел Ветбрук забележа 20 поени и 14 скокови.

Бостон во плеј-офот ќе играат против Бруклин Нетс.

Индијана Пјесерс ги декласираа Шарлот Хорнетс со 144:117, во натпревар на тимовите кои беа на деветтото и десеттото место. За осмата позиција Пејсерс ќе играат против Вашингтон.

Брисет со 23, Мекдермот со 21 и Сабонис со 14 поени, 21 скок и девет асистенции беа најдобрите ирачи на Индијана.

Scroll to Top