Хериет Робсон, девојката на ѕвездата на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд го обвини фудбалерот за домашно насилство, откако објави низа на фотографии на Инстаграм со порака: „За сите кои сакаат да знаат што точно ми прави Мејсон Гринвуд“.
Манчестер јунајтед веднаш реагираа на обвинувањата, велејќи дека не одобруваат било какво насилство, и дека нема да има дополнителни коментари додека не се „воспостават фактите“.
„Свесни сме за фотографиите и обвинувањата преку социјалните мрежи. Клубот ќе се воздржи од дополнителни коментари додека не се воспостават сите факти“, велат од Јунајтед.
MASON GREENWOOD WTF HAVE YOU DONE ??? pic.twitter.com/7lbYhgWQyT
— Finn?? (@IcecoldMartial) January 30, 2022
Harriet Robson tells Social Media that Mason Greenwood physically abused her. pic.twitter.com/kmctUq8NVx
— BFA ?? (@FlertBFA) January 30, 2022