Top Sport

Џеко ќе игра против поранешниот клуб во финалето на ЛШ: „Се гледаме во Истанбул“

Фудбалерите на Интер и на Манчестер Сити ќе се сретнат во големото финале во Лигата на шампионите на 10 јуни во Истанбул.

Овој натпревар ќе биде посебен за сите актери, но особено за напаѓачот на Интер, Един Џеко, кој голем дел од кариерата го мина во дресот на „граѓаните“.

Босанскиот напаѓач играше за Манчестер Сити од 2011 до 2015 година, од каде замина во Рома, а од редовите на „волчицата“ пристигна во Интер во 2021 година.

Џеко е воодушевен што против Манчестер Сити ќе се бори за највредниот трофеј во клупскиот фудбал и по пласманот на „граѓаноите“ во финалето се огласи на Твитер со порака „се гледаме во Истанбул“.

Scroll to Top