Top Sport

Куртоа: Голем проблем беше што не создававме шанси пред голот на Сити

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, го анализираше поразот од Манчестер Сити со 4:0 во полуфиналето на Лигата на шампионите. Тој изјави дека неговиот тим го очекувал притисокот на противникот во воведните минути, но голем проблем бил што мадриѓаните не успеале да создадат шанси и да ги загрижат „граѓаните“.

„Мислам дека Манчестер Сити не нѐ изненади со начинот на кој играше, очекувавме да нѐ притиснат на почетокот. Не ни дозволија лесно да играме со топката. Голем проблем беше што не успеавме да создадеме шанси во нападот. А кога не создавате шанси против тим како Сити, тие почнуваат да се чувствуваат поудобно. Постигнаа гол, што беше за нас непријатно, а потоа Тони Крос ја погоди гредата. Понекогаш оваа сезона, таквите мали моменти не одат на наша страна, како што беше минатата сезона. На полувремето верувавме дека можеме да го свртиме натпреварот, но не бевме доволно прецизни со нашите додавања и тоа не чинеше многу“, изјави Куртоа.

Белгиецот иако прими четири гола, беше еден од најдобрите „кралеви“ на синоќешниот дуел на „Етихад“.

 

Scroll to Top