Top Sport

Ди Марија се враќа во Бенфика

Аргентинскиот интернационалец Анхел Ди Марија ќе се врати во Бенфика, неговиот прв клуб на европско тло. Тој во португалскиот клуб играше од 2007 до 2010 година, а потоа направи трансфер во Реал Мадрид.

Аргентинецот играше и за Манчестер Јунајтед, беше член и на Пари Сен Жермен, а минатата сезона го носеше дресот на Јувентус.

Ди Марија имаше опција да потпише за Интер Мајами и да му се придружи на Лионел Меси во МЛС – лигата, како и богати понуди од Саудиска Арабија.

Scroll to Top