Top Sport

УЕФА го скрати изборот на можни ривали за македонските клубови во ЛШ и во КЛ

Македонските клубови кои ќе играат во европските купови, денеска ќе ги добијат можните ривали за второто коло од квалификациите во ЛШ и во КЛ.

Шампионот Струга ТЛ за потенцијален ривал во второто квалификациско коло во ЛШ ги има Галатасарај, како и победникот од мечевите Линколн – Карабах, Балкани – Лудогорец.

Доколку Струга ТЛ загуби во првото квалификациско коло од ЛШ, тогаш ја очекуваат дуели со поразените од мечевите Балкани – Лудогорец, Хелсинки – Ларне, тим од прелиминарна група.

Шкендија за потенцијални ривали ги има Дрита, Борац Бања Лука, Диферданж, како и победниците од мечевите Тобол – Хонка и Б 36 Торшавн – Паиде.

Шкупи за потецијални ривали ги има Беитар, Левски, Габала, како и победниците од мечевите Ла Фиорита – Цимбру и Балзан – Домжале.

Македонија ЃП за потенцијален ривал за 2.квалификациско коло во КЛ ќе ги има Адана, Ворскла, Сабах, Ордабаси, како и победникот од мечот Паневезис – Милшами.

Scroll to Top