Пауло Дибала е еден од ретките фудбалери кои имаат можност да бидат соиграчи на Лионел Меси и на Кристијано Роналдо и тој ги опишува двајцата како „феноменални“ признавајќи дека се обидува да научи нешто од него.
26-годишниот Дибала му е соиграч на Роналдо во Јувентус, додека со Меси е постојан во аргентинската репрезентација.
„Кој не би сакал да работи со најдобрите? Моите пријатели ми завидуваат и секогаш им велам дека е предност, а не хендикеп да се работи со најдобрите. Можам да ги проучувам секој ден. Зборуваме за двајца феноменални фудбалери, еден или два чекори пред сите останати, на фудбалско и на ментално ниво. Не е лесно да се држи ритам“, вели Дибала во интервју за „Ел Паис“.
Дибала е еден од двајцата активни фудбалери со таква чест, втор е Нелсон Семедо, кој е со Меси во Барселона и со Роналдо во португалската репрезентација.
„Имам одлични односи со Кристијано и секогаш зборуваме за Јувентус, за националните репрезентации и за работи кои немаат врска со фудбалот. Истото е и со Лео, но не се гледаме секој ден и тука ситуацијата е поинаква“, додава Дибала.