Top Sport

Дибала и Интер се договорени, но има друг проблем

Аргентинецот Пауло Дибала е пред трансфер во Интер, а следната седмица ќе бидат одржани уште низа состаноци со претставниците на Интер околу неговото доаѓање на „Џузепе Меаца“, пренесува „Газета дело Спорт“.

И додека двете страни се начелно договорени за условите на договорот, проблемот е сосема поинаков.

Алексис Санчез останува вистинскиот проблем на Интер. Тој мора прво да го напушти Интер пред да биде ангажиран Дибала и покрај слободниот трансфер на Аргентинецот. Сето тоа се должи на немањето средства за покривање на платата на актуелниот играч на Јувентус.

„Нероаѕурите“ бараат нов тим за Чилеанецот, а заинтересирани се Севилја и Галатасарај. Сепак, неговата плата е 7,5 милиони евра и ќе мора да се согласи на значително намалување.

Scroll to Top