Top Sport

Младите фудбалери убедливо поразени од Украина

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година загуби убедливо (4:0) од Украина во Истанбул, во последниот меч од квалификацискиот циклус за ЕП 2023.

Селекцијата на Драган Канатларовски потклекна во последните дваесетина минути од натпреварот кога несфатливо прими дури четири гола.

Богдан Вјуник во 69.минута го отвори резултатот, а две минути подоцна Хеорхи Судаков зголеми на 2-0. Третиот и четвртиот гол ги постигна Владислав Ванат во 85.минута од мечот и во судиското продолжение.

Scroll to Top