Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, ќе го напушти клубот на лето како слободен играч, а би можел да шокира со изборот на новата средина. Долго време се пишуваше дека Интер е првата опција кога е во прашање продолжувањето на кариерата на Аргентинецот, но сега се појавија нови информации од Апенините.
Во трката сериозно влегува градскиот ривал Милан. Тоа би било удар, како за навивачите на Јувентус, така и за Интер, кој многу го посакува крилниот напаѓач на „Џузепе Меаца“.
Многу побезболно би било и за Дибала и за сите во Италија доколку фудбалерот се реши да прифати една од понудите надвор од Апенините. За него сериозен интерес покажуваат премиерлигашите Арсенал и Њукасл, како и актуелниот шпански првак Атлетико Мадрид.