Челниците на Манчестер Јунајтед и Јувентус речиси ја договориле размената Ромелу Лукаку за Паоло Дибала, а според медиумите за да биде комплетиран целиот договор треба уште Аргентинецот да „испегла“ некои детали со „црвените ѓаволи“.
Менаџерскиот тим на Дибала од вчера е во Лондон на разговори со челниците на Јунајтед, а доцна синоќа некои медиуми објавија дека договорот бил постигнат. Аргентинецот ќе игра за Јунајтед за годишна плата од 10 милиони евра.
Во целата приказна е вклучен и напаѓачот на Јувентус, Лукаку, кој ќе замине во Торино.