Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста ја прифати вината за даночна измама во Шпанија, откако не ги пријавил 5-те милиони евра заработени од трансферот во Челси во 2014 година, по што во четвртокот доби шестмесечна казна затвор, која, секако нема да ја отслужи.
Коста ќе треба да ги врати милионот евра затаен данок и да плати 500.000 евра дополнителна казна за да избегне затворска казна како некој кој првпат прави прекршок.
Напаѓачот си замина од Атлетико Мадрид во јули 2014, откако Челси ја плати неговата откупна клаузула од 40 милиони долари. Со „сините“ тој освои две титули од Премиер лигата и еден Лига куп со 59 гола во 120 настапи, пред тренерот Антонио Конте да му соопшти дека е непотребен во клубот со СМС порака, пред тој да замине во Бразил и да чека до 2018 да се врати во Атлетико.