Top Sport

Диего Симеоне има коронавирус

Од Атлетико Мадрид денеска објавија дека тренерот на клубот, Диего „Чоло“ Симеоне е заразен со коронавирус.

Симеоне денеска не се појавил на тренингот на екипата, а набрзо потоа се утврдило дека е позитивен на Ковид 19. Во петокот целата екипа се тестираше по враќањето на подготовките, а во саботата беше објавено дека никој не е позитивен.

Тестот на Симеоне не бил добар, па затоа го повториле. Повторното тестирање покажало дека е заразен.

Аргентинецот засега нема никакви симптоми и отиде во самоизолација, а екипата до тогаш ќе ја води неговиот помошник Профе Ортега. Ова нема да влијае на почетокот на сезоната затоа што мадридскиот клуб натпреварувањата ги започнува од третото коло.

За потсетување, на 4 дена пред осминафиналето на Атлетико против Лајпциг, двајца играчи (Шиме Врсаљко и Анхел Кореа) беа позитивни на вирусот, но немаа симптоми.
https://www.atleticodemadrid.com/noticias/simeone-da-positivo-por-covid

Scroll to Top