Се распаѓа шампионската генерација на Динамо Загреб која чекор ја делеше од пласманот во осмина-финалето во Лигата на шампионите. Ваквото сценарио е резултат на хаосот што настана во клубот откако играчите не се согласија нивните плати да бидат намалени, а клубот како резултат на тоа реши да ги отпушти сите помошници на тренерот Ненад Бјелица.
Откако играчите не го прифатија намалувањето на платите медиумите започнаа хајка против нив, а најголеми критики доби капитенот Аријан Адеми. За македонскиот репрезентативец се тврди дека со сигурност ќе го напушти клубот во преодниот рок.
Покрај Адеми неизвесна иднина во клубот имале уште тренерот Бјелица, односно фудбалерите Амер Гојак, Изет Хајровиќ, Емир Дилавер, Кевин Теофил…
„Прв кој ќе замине е капитенот Адеми, тој неоадман потпиша нов договор до 2023 година. Подолг период за него се интересираат клубови од Франција, а има и конкретни понуди од Италија и Германија. Покрај него од клубот ќе заминат Хајровиќ, Гојак, Теофил, Дилавер, Марин Леовац и Петар Стојановиќ“, пишува хрватскиот „Тпортал“.