Top Sport

Будуќност ја шокираше Звезда и избори „мајсторка“ во АБА-финалето

Будуќност успеа со 84:80 (20:25, 15:13, 22:20, 27:22) да ја победи Црвена звезда во „Морача“ и да го израмни финалето на регионалната АБА-лига на 2:2 во уште еден драматичен меч на двата клуба.

Во тесен натпревар, Будуќност ја направи клучната предност во последните две минути од мечот, за да избори „мајсторка“, која се игра во понеделник (19  часот) во Белград. Победникот не само што го чека АБА-титулата, туку и место во елитната Евролига.

Норис Кол имаше 31 поен за Будуќност, Едвин Џексон додаде 23, додека за гостите од Србија, Берон имаше 24, а Добриќ и Фаје по 14 поени.

Scroll to Top