Дижон направи вистинска сензација против францускиот шампион Пари Сен-Жермен, враќајќи се од гол негатива за 2:1 победа на стадионот „Гастон Жерар“.
ПСЖ дојде во очекувано водство во 19. минута преку фантастичниот Килијан Мбапе, но клубот, кој пред овој меч беше на последното место на табелата во Лига 1 со само две победи досега во шампионатот приреди незгодно изненадување за „светците“.
Мунир Шујар во судското продолжение донесе израмнување за Дижон, пред Колумбиецот Хондер Кадиз во 47. минута да направи целосен пресврт. Томас Тухел се обиде да внесе свежина во играта и ги постави во игра Единсон Кавани и Јулијан Дракслер, но тоа не придонесе за менување на резултатот.
И покрај третиот пораз оваа сезона, ПСЖ е суверен на првото место во францускиот шампионат со 27 поени, дури осум пред второпласираниот Нант. Дижон сега се на 18. место во лигата.