Арсенал стигна до својата петта победа во низа, доминирајќи за 0:5 победа кај слабите Норич, благодарение на двата гола на Букајо Сака и по еден гол на Киеран Тирни, Александер Лаказет и Емил Смит-Роув, но несомнено потегот на мечот го направи Гранит Џака.
Швајцарскиот репрезентативец доби една топка во средината на теренот, и пред навивачите на Норич како да сакаше да им каже колку нивниот тим не го „бива“ кога може да прави вакви допири со грбот.
Дел од коментарите на социјалните мрежи велат дека се работи за крајно „понижување“ на Норич, кои уште пред Нова Година се наоѓаат во многу тешка позиција за опстанок во Премиерлигата.
Nah this is too disrespectful. When Xhaka starts summoning his inner Ronaldinho against you, you need to liquidate your football club pic.twitter.com/kpkp5tK7HX
— Éire Gooner ?? (@eire_gooner) December 26, 2021