Поранешната ѕвезда на Арсенал, Џек Вилшир, конечно, пронајде клуб откако минатото лето беше отпуштен од Бурнемаут, потпишувајќи како слободен агент за данскиот АГФ Архус.
30-годишниот поранешен англиски репрезентативец призна дека очајно бара клуб откако минатата сезона имаше 17 настапи за Бурнемаут во Чемпионшип, по што последните месеци тренираше со Арсенал по покана на менаџерот и пораешен соиграч, Микел Артета.
АГФ го објавија трансферот на Вилшир со интересно видео на кое тренерот на клубот ги гледа најдобрите моменти на Вилшир на Јутјуб, а тој влегува зад него.
„Откако се вратив на тренинзи со Арсенал, не криев дека барам нов клуб. Сега успеав, и ова е нов голем предизвик за мене. Се наоѓам во момент во мојата кариера во која морам повторно да рестартирам по тежок период, и ја ценам шансата која ми ја дава АГФ. Физички сум во добра форма и сега ми требаат сасмо мечеви“, изјави Вилшир.
Welcome ???✍️ #ksdh #sldk pic.twitter.com/YHYMMykfVx
— AGF (@AGFFodbold) February 20, 2022
In coming… ✍️? #ksdh pic.twitter.com/uOOyj0spds
— AGF (@AGFFodbold) February 20, 2022