Џенова чии дрес го носи македонскиот репрезентативец Горан Пандев е првата екипа која сезонава успеа да не загуби од Јувентус. На дебито на новиот тренер Ивица Јуриќ, Џенова во Торино одигра 1:1 против фаворизираниот Јувентус.
„Старата дама“ го имаше натпреварот под контрола, имаше и водство од 18.минута кога со многу среќа погоди Кристијано Роналдо меѓутоа гостите од Џенова го шокираа Торино со голот на Дание Беса во 67.минута.
Горан Пандев ги одигра последните минути од овој натпревар, тој го замени Куаме во 85.минута, а четири минути подоцна доби жолт картон.
Јувентус по девет кола има 25 бода и ќе остане лидер на табелата додека Џенова го освои 13.бод и се наоѓа на 13.место.