Top Sport

Џенова се спаси од Скамака, Болоња освои бод во Удине, Аталанта лесно со Емполи

Три натпревари од осмото коло, во попладневниот термин се одиграа во Серија А. Два натпревари завршија без победник, а Аталанта убедливо славеше во Емполи.

Џенова, со Горан Пандев, во стартниот состав, успеа да избегне пораз од Сасуоло и својот поранешен напаѓач Скамака. Сасуоло по 20.минути игра во Џенова имаа предност од 2:0, со головивите на Скамака во 17., и 20.минута.

Џенова успеа да се спаси од пораз, преку Дестро во 27. и Васкес во 90.минута.

Пандев одигра 76.минута, имаше една добра шанса во 38.минута.

Удинезе и Болоња постигнаа по еден гол и освоија по еден бод. Удинезе играше со играч помалку од 38.минута, поради искучувањето на Переира. Предноста Болоња ја искористи во 67.минута преку Бероу, 15 минути подоцна израмни Бето.

Јосип Иличиќ постигна два гола во победата на Аталанта над Емполи од 4:1. Вити ја погоди сопствената мрежа, а четвртиот гол за Аталанта го постигна Запата. Стрелец за Емпол беше Ди Франческо.

Scroll to Top