Легендата на Ливерпул и поранешен англиски репрезнтативец, Џон Барнс, неочекувано застана во одбрана на Катар посочувајќи дека во Англија има двојни станарди со очекувањата од азиската земја.
ФИФА и Катар се критикувани, посебно во западна Европа, поради ЛГБТ правата, човековите права и процесот со кој тие станаа првата арапска земја домаќин на едно СП. Покрај тоа, во Англија беше критикувана одлуката да не им се дозволи влез на стадионот на англиските навивачи со костуми на „крстоносци“ поради навредливиот контекст кон домаќините.
„Дебатата околу костумите со крстоносците е најбизарна, бидејќи треба да се погледне како се гледа кон крстоносците во тој дел од светот. Тоа би било слично како тука некој да облече нацистичка униформа. Катар, засега, ги поканува сите на Светското првенство, но со тоа да ја респектираат нивната култура, религија и законите. Ги сменија законите за алкохолот, но сега ни пречи дека не можеме да пиеме во тие 90 минти на стадионот. Ако одите во нечија земја тогаш треба да ги почитувате нивните закони, бидејќи и ние го велиме истото за луѓето кои доаѓаат во Велика Британија“, вели 59-годишниот Барнс.
'If you knew the way crusaders are viewed in that part of the world, it's very similar if someone who came to one of our football matches and wore a nazi uniform'
Three Lions icon @officialbarnesy believes you should respect the laws of that country pic.twitter.com/xUH2RAxZtE
— Good Morning Britain (@GMB) November 25, 2022