Top Sport

Џон Тери за заминувањето на Абрамович од Челси: Ти благодарам Роман, најдобар сопственик на светот

Поранешниот капитен на Челси и една од најголемите легенди на лондонскиот клуб, Џон Тери, ја прокоментира веста дека Роман Абрамович го продава великанот од „Стемфорд Бриџ“. Абрамович ја потврди оваа информација преку соопштение во кое изјави дека парите собрани од продажбата на клубот ќе одат во фондација за помош на сите жртви од војната во Украина.

Навивачите на Челси го поздравија гестот на Русинот кои го водеше нивниот клуб речиси 20 години и му изразија благодарност на Абрамович кој се погрижи да го издигне на ниво на еден од најдобрите фудбалски клубови во светот.

„Ти благодарам Роман. Најдобар сопственик на светот“, напиша Џон Тери на социјалните мрежи.

Тој во ерата на Абрамович со Челси освои пет шампионски титули, еден трофеј во Лигата на шампионите и вкупно 17 пехари.

Според англиските медиуми, Абрамович бара три милијарди фунти за продажбата на Челси.

Scroll to Top