Арсенал веќе подолго време бара решение во нападот. Бидејќи „топчиите“ не успеаја да го доведат Душан Влаховиќ, се свртеа кон други опции и голем број играчи се поврзуваат со доаѓање во Лондон.
Како прва опција се споменува Габриел Жесус од Манчестер Сити, а додека се уште траат преговорите за познатиот Бразилец, раководството успеа да се договори со негов сонародник.
Крилниот напаѓач на Сао Паоло, Маркињос, ќе потпише за Арсенал во трансфер вреден 3 милиони евра. Тој има 19 години, а договорот му истекува, што влијаеше Арсенал веднаш да реагира и да го доведе на „Емирати“.