Top Sport

Договорен трансферот на Паредес во Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус договори трансфер на уште еден играч од Пари Сен Жермен. Откако 34. годишниот аргентински напаѓач Анхел ди Марија дојде од францускиот шампион како слободен играч на почетокот на јули, „старата дама“ ќе ја засили и неговиот сонародник Леандро Паредес.

Фабрицио Романо објави дека ПСЖ и Јувентус се договориле за трансферот на Леандро Паредес во тимот од Торино. Аргентинскиот дефанзивен играч за врска пристигнува на позајмица со опција за откуп на договорот, а вредноста на трансферот се проценува на 20.000.000 евра.

Паредес пристигна во ПСЖ во 2019 година од Зенит. Сениорската кариера ја започна во Бока јуниорс, а играше и за Рома, Киево и Емполи.

 

Scroll to Top