Фудбалерот на Реал Мадрид Лукас Васкез е сигурен дека неговиот тим ќе ја освои титулата во Примера доколку продолжи сезоната која е прекината на 13 март поради коронавирусот.
На 11 кола до крајот на сезоната во Шпанија Реал Мадрид се наоѓа на второто место на табелата со два поени помалку од Барселона.
„Сите играчи на Реал се професионалци. И во карантин добро работиме на одржување на формата, многу тренираме. Кога ќе продолжи сезоната ќе ја освоиме титулата“, рекол Васкез.
29 годишниот фудбалер оваа сезона има постигнато два гола во првенството на Шпанија.