Top Sport

Долга пауза го очекува Спинацола

Левиот бек на Италија, Лаонардо Спинацола, го очекува подолга пауза. Спинацола се повреди во 77.минута во четврт-финалето против Белгија. Еден од најдобрите играчи на ова Европско првенство ја скина Ахиловата тетива.

Спинацола, на носилки беше изнесен од теренот и префрлен во болницата во Минхен. Во саботата него го посетија соиграчите и селекторот Роберто Манчини.

Фудбалскиот сојуз на Италија објави дека Спинацола ќе отсуствува од фудбалските терени околу половина година.

Scroll to Top