Top Sport

Магичниот Меси ги однесе Аргентинците во полуфинале против Колумбија

Лионел Меси постигна фантастичен гол од слободен удар и имаше две асистенции за да ги предводи Аргентинците до 3:0 победа над Еквадор во четврт-финалето на Копа Америка, подгревајќи ги надежите за континентална титула на „Албиселесте“.

Една од двете асистенции посебно беше фантастична, кога воопшто не гледаше кај соиграчите, по што неговите соиграчи изјавија дека од него добиваат само „самодоверба и радост“. Аргентина во полуфиналето ќе игра со Колумбија, откако тие го елиминираа Уругвај на пенали со 4:2 по ремито без голови во 120 минути.  Меси има 4 гола и 4 асистенции на турнирот и Лаутаро Мартинез вели дека со него можат далеку.

„Сите го следиме лидерството на Меси. Видовме како знае да направи разлика во еден меч и сите сме зад него“, изјави напаѓачот на Интер.

Во второто полуфинале играат домаќините Бразил и Перу.

Scroll to Top