100-годишникот од Аргентина, Ернан Мастранело или Дон Ернан, сигурно е еден од најверните навивачи на Лионел Меси.
Дон Ернан во тетратка го запишува секој гол на Меси, независно дали е постигнат за Барселона или за Аргентина. Меси во кариерата има постигнато преку 730 голови.
„Тој не ја познава технологијата. Нема телефон, интернет или лаптоп. Секој гол е забележан во неговата тетратка. Ги следи сите натпревари. Секогаш кога Меси игра за Барса. Кога не може да го гледа на ТВ, ми се јавува да праша колку голови постигнал Меси“, рекол внукот на Дон Ернан, Хулијан.
Приказната за Дон Ернан стигнала и до Меси. Асот на Барселона решил да му испрати видео порака и да му го честита 100.роденден.
„Здраво Ернан. Приказната за тебе дојде до мене, ми делуваше лудо дека го запишуваш секој мој гол. Сакам да ти испратам голема прегратка и да ти се заблагодарам за она што го правиш и што ме следиш. Ти посакувам се најдобро. Се гледаме наскоро“, порачал Меси.
„Сакаш да ми кажеш дека тоа е Меси?“, го прашал Дон Ернан својот внук.
„Да тоа е Меси, ти испраќа поздрави“, му одговорил внукот.
„Каде е тој? Во својот дом?“, прашува старецот.
„Тој е во својот дом во Барселона, но ти го испрати ова видео“, му вели внукот Хулијан.
El abuelito se llama Hernán, tiene 100 años y cada vez que Messi hace un gol, lo anota en un cuaderno. Lionel se enteró y después de salir campeón de la Copa América, le mandó un saludo, a través de un video.
Agarren pañuelos. pic.twitter.com/t7EXeDAXeE
— Ataque Futbolero (@AtaqueFutbolero) July 14, 2021